Македонија
Шкендија го купи талентираниот напаѓач на Брера Струмица (Фото)
Фудбалските клубови од Македонија знаат да си разменат фудбалери во текот на зимскиот преоден рок, но потегот кој го направи Шкендија беше доста неочекуван и пристигна без некоја посебна најава.
Тетовските „црвено-црни“ решија да исплатат посериозна сума за да го добијат талентираниот фудбалер на Брера Струмица, па така Ване Крстевски од вечерва и официјално е член на Шкендија.
Крилниот напаѓач потпиша 3,5-годишен договор и се претвора во најголемо зимско засилување во досегашниот тек на јануарскиот преоден рок, бидејќи иако има 20 години, веќе четири сезони е дел од Првата македонската фудбалска лига.
Крстевски одигра 17 натпревари за Брера во првиот дел од сезоната и овој сегмент од првенството го заврши со два гола.
– Среќен сум и задоволен што пристигнав во Шкендија. Благодарен сум за укажаната доверба и се надевам дека ќе возвратам со добра игра од моја страна. Ветувам максимална посветеност, – гласи првата изјава на Крстевски.
-
Свет11 часа
Клоп со прва изјава за својот нов фудбалски проект: Не можам да бидам повозбуден
-
Европски купови12 часа
Ракометна магија во Скопје: Неверојатната акција на Вардар за која зборува цела Европа (Видео)
-
Англија22 часа
Палмер го победи Белингам во изборот за англиски фудбалер на годината
-
АТП12 часа
Алкарас режираше „слатка одмазда“ за четвртфинале во Шангај
-
Шпанија14 часа
Иниеста ги воодушеви фановите на Барселона со изјавата која ја даде за неосвоената „Златна топка“
-
АТП14 часа
Тиафо го режираше најнекултурниот „поздрав“ со судијата во поновата историја на тенисот (Видео)
-
Свет13 часа
Клоп прифати да биде дел од амбициозен фудбалски проект, стартува со работа на 1. јануари!
-
Шпанија10 часа
Јамал даде кратко објаснување за својата лута реакција по замената во Виторија