Поврзете се со нас

Лига Европа

Шик е херојот на „фармацевтите“, Ливерпул повторно си поигруваше со Спарта Прага (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/bayer04fussball

Составот на Баер Леверкузен со доста мака избори пласман во четвртфиналето во Лига Европа и тоа откако вечерва на чудесен начин славеше над Карабах со 3-2.

„Фармацевтите“ и на првата средба против шампионот се спасуваа и од 2-0 се изборија за реми од 2-2, а пак вечерва по едно слично сценарио од негатива од 2-0 се изборија за комплетен пресврт и славје вредно место меѓу најдобрите осум во второто по ранг натпреварување на УЕФА.

Карабах имаше убедлива предност (2-0) до 72 минута кога домаќиниот преку Фримпонг го зададе првиот удар и ја врати надежта за позитивен резултат. Меѓутоа иако имаше и играч повеќе на теренот, четата на Алонсо се мачеше да дојде до посакуваниот гол/голови се до судиското продолжение кога Шик се најде на вистинското место во 93 и 97 минута за голем триумф.

Ливерпул пак со ново моќно издание си поигра со Спарта Прага, поточно со вкупни 11-2 оди во наредната фаза за која утре ќе го дознае противникот.

Вечерва беше 6-1 во дуел во кој во листата на стрелци се запишаа Нуњез, Гакпо, Кларк, Салах, Собослаи и одново Гакпо, додека за гостите погоди Бирманчевиќ.

Билет за четврфиналето обезбедија уште Аталанта и Рома.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни