Поврзете се со нас

НБА

Шек со интересен став за младиот играч на Хјустон: Ме потсетува на Гасол, сакам да го видам во посилен тим

Објавено

на

Шекил О’Нил будно ги следи сите случувања во НБА лигата и редовно дава коментари за најдобрите играчи, но често го привлекува вниманието и за кошаркарите кои обично се во втор план во јавноста.

Легендарниот центар посебен фокус стави на младиот играч на Хјустон, Алперен Шенгун, за кого вели дека според движењата и кошаркарската интелигенција, го потсетува на Пау Гасол.

О’Нил тврди дека Шенгун на 21 година веќе е подготвен за многу посериозен предизвика во кариерата и посочи дека идеална средина би му била Лос Анџелес Лејкерс.

– Шенгун ме потсетува на Пау Гасол, на младите денови на Шпанецот. Има екстра посед, има добар преглед на играта, одличен тајминги совршен пас за соиграчите.

– Нависитна сакам да го видам ова момче во некој посилен тим во НБА, на пример во Лејкерс. Таму би бил опкружен со повеќе таленти и тоа добро би дошло за него, – потенцира Шек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни