Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Сетиен го промени системот и го изостави Гризман, Баерн со ултра офанзивна тактика (Фото)

Објавено

на

Оваа вечер во фокусот на целата спортска јавност ќе биде мега пресметката меѓу Баерн Минхен и Барселона во Лигата на шампионите, четвртфинале кое треба да ни го покаже третиот патник во полуфиналната фаза на најелитното натпреварување.

Во најавата за мечот се правеа секакви претпоставки за тоа како ќе изгледаат двата тима, но сега, на неполн час пред дуелот, Кике Сетиен и Ханси Флик ги отворија картите и ги соопштија почетните 11.

Сетие направи голема промена во системот и од традиционалната 4-3-3 премина на 4-4-2, со тоа што жртва во неговиот систем вечерва е Антоан Гризман. Лионел Меси и Луис Суарез ќе бидат единствени играчи во нападот, додека Сетиен се одлучи и за штит пред последната четворка на Барселона, составен од четири играчи за врска.

Серхи Роберто, Артуро Видал, Френки Де Јонг и Серхио Бускетс се најдоа во стартната постава, па јасно е дека Сетиен планира битката да ја добие на средината на теренот.

За разлика од него, Флик се одлучи за ултра офанзивна тактика, па се одлучи за два везни играчи во Тиаго Алкантара и Горецка, додека во офанзивата се Перишиќ, Гнабри, Милер и Левандовски. Во тактиката на Флик, изненадување е Перишиќ кој му го зазема местото на Коман, додека на клупата остана и Кутињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни