Поврзете се со нас

Свет

Семејството на Пековиќ се огласи и обелодени каква е неговата здравствена состојба

Објавено

на

Денеска голем број на медиуми во соседството информираа дека поранешниот член на Партизан и Минесота Тимбервулвс, Никола Пековиќ е во тешка здравствена состојба и се бори за неговиот живот откако се заразил со коронавурусот.

Информациите говореа дека тој се наоѓа во болница во Подгорица, па дури и дека е ставен на респиратор затоа што двете белодробни крила биле сериозно оштетени од вирусот. Меѓутоа денеска има многу лажни или докрај непроверени вести, а една таква е оваа за Пековиќ и за тоа говори информацијата која за состојбата ја сподели неговото семејство.

-Од вчера е во болницата во Подгорица и дише апсолутно независно. Сите негови витални параметри во однос на кислородот се сосема во ред. Тој е стабилен цело време, но со консултации со лекарите ни беше кажано дека е подобро да остане и  се следи неговата ситуација во здравствена установа. Тоа е процес што трае, -истакнал член на семејството за српски „Блиц“.

Никола своевремено беше еден од најдобрите центри кога е во прашање Балканот, тој седум години играше во НБА лигата, а во Европа остави трага во Партизан и Панатинаикос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни