Поврзете се со нас

Македонија

Се врати во позната средина: Вардар го претстави петтото летно засилување

Објавено

на

foto:www.facebook.com/FKVardarSkopje

Екипата на Вардар сака што поподготвено да ја дочека новата сезона за која успеа да доведе неколку засилувања од кои последното е напаѓачот Азер Омерагиќ.

Омерагиќ потекнува од школата на „црвено-црните“, а преку Хајдук, Борец и Шкупи повторно се враќа во позната средина. Тој треба да биде уште една опција за тренерот Бобан Грнчаров во офанзивната линија.

Азер иам 21 година и досега во ПМФЛ има одиграно 32 натпревари на кои постигнал 2 гола и запишал 1 асистенција.

Пред него најтрофејниот македонски клуб ги ангажираше Алберт Алаведра, Лука Трајковски, Владица Брдаровски и Матеус Лемос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни