Поврзете се со нас

Европски првенства

Се најде во идеалниот тим: Седлоска меѓу најдобрите седум во квалификациите за ЕП (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација забележа две победи во квалификациите за пласман на Европското првенство, победи над Азербејџан и Литванија во кои блескаше Андреа Седлоска.

Левиот бек прво му даде седум гола на Азербејџан во Скопје, а потоа ја наполни мрежата на Литванките во Вилнус (осум од осум) што беше доволно за ЕХФ да и оддаде признание на нашата репрезентативка.

Имено Андреа се најде во идеалниот тим на првите две рунди во овие квалификации, поточно е во најдобрата седумка заедно со голманката Кристенсен, крилата Велентини и Тублан ,бековите Ласло и Стурлудотир како и кружниот напаѓач од Норвешка, Ингштад.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни