Поврзете се со нас

Италија

Сари стравува од Милан: Загрижен сум, тие добија три шлаканици…

Објавено

на

Лацио ја потврди фаворитската улога и славеше над Болоња со 1-0 во Купот на Италија со што обезбеди пласман во четвртфиналето на ова натпреварување во кое ќе ги одмери силите со Јувентус.

Фелипе Андерсон беше човекот кој донесе славје за лацијалите, славје од кое задоволен беше тренерот Маурицио Сари.

-Игравме против опасната Болоња која освои девет бода во последните пет кола и со која е тешко да се игра, па завршивме добра работа, -истакна Сари кој проговори и за следната пресметка, дербито со Милан.

-Загрижен сум, бидејќи Милан е силен тим, тие добија три шлаканици и ќе имаат силна реакција. Ќе бев посреќен ако го освоеа Суперкупот со 3-0, -порача искусниот стручњак.

„Росонерите“ се во криза, добија само еден меч во оваа 2023 година и тоа против Салернитата. Тие ремизираа против Лече и Рома, додека загубија во Купот и Супер Купот на Италија од Торино, односно Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни