Поврзете се со нас

Англија

Санчо со Дортмунд летна во Швајцарија, „ѓаволите“ пронашле ново решение за крилните позиции?

Објавено

на

Според многу медиуми денеска беше последниот рок кој го задал Борусија Дортмунд за комплетирање на трансферот на Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед.

Младиот англиски фудбалер се најде во авионот за Швајцарија каде германскиот клуб ќе ги одработи подготовките во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

Многумина сметаат дека тоа што Санчо заминал во Швајцарија значи и дефинитивен крај на надежите за Манчестер Јунајтед дека ќе го ангажираат.

Токму затоа „Тутоспорт“ пишува дека сега Јунајтед се насочил кон ангажман на Даглас Коста кој е еден од играчите кои веројатно ќе го напушти Јувентус ова лето.

Сепак, Фабрицио Романо, кој е специјалист за трансфер активностите истакнува дека трансферот на Санчо во Јунајтед се уште не е пропаднат.

Според Романо, играчот не е проблем и тој веќе се согласил на договор, а во следниот период ќе продолжат преговорите меѓу двете страни за евентуален трансфер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни