Поврзете се со нас

Англија

Само еден фудбалер на Челси се прости со Грем Потер (Фото)

Објавено

на

Само еден фудбалер на Челси се прости од досегашниот тренер на клубот, кој вчера и офицјално доби отказ, Грем Потер.

Челси се најде во ужасна серија резултати и практично се стави во невозможна ситуација за излез во Европа следната сезона, по што тренерската промена беше неизбежна.

Бен Чилвел е единствениот фудбалер на Челси кој преку социјалните мрежи испрати порака до својот поранешен тренер. Барем засега ниту еден негов соиграч не го сторил тоа и јавно не се простил од Потер кој се задржа на „Стемфорд Бриџ“ само седум месеци.

Најголем фаворит за нов тренер на „сините“ од Лондон во моментов е Јулијан Нагелсман кој исто така неодамна доби отказ од тимот на Баерн Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни