Поврзете се со нас

Германија

Салихамиџиќ откри зошто Кансело игра малку за Баерн: Во последно време…

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Жоао Кансено помалку и изненадувачки направи трансфер во редовите на Баерн Минхен во јануарскиот преоден рок.

Тој се реши да го замени Манчестер Сити со преселба во германскиот шампион каде се надеваше дека ќе биде стандарден, ќе игра постојано, нешто што го немаше во таборот на „граѓаните“ по Светското првенство во Катар.

Меѓутоа Португалецот се соочува со проблеми и во таборот на Баерн, па така против ПСЖ во ЛШ играше само 5 минути, претходно против Штутгарт воопшто не влезе во игра, а 13 минути доби во мечот со Унион Берлин.

Овие одлуки на „баварците“ донесоа реакции, прашања зошто Жоао е воопшто анггажиран (позајмица) ако не е потребен на екипата.

-Во последно време тој не тренираше и играше како што требаше. Жоао ќе стане многу важен играч. Ние добро комуницираме со него. Тој е извонреден играч кој ќе стане важен во иднина, -истакна спортскиот директор на клубот од Минхен, Хасан Салихамиџиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни