Поврзете се со нас

Одбојка

Русија очекувано пресилна за одбојкарите на Македонија

Објавено

на

Одбојкарската селекција на Русија славеше убедлива победа од 3:0 против репрезентацијата на Македонија во последниот натпревар од групната фаза на Европското одбојкарско првенство.

„Зборнаја“ играше како по ноти и немаше никакви проблеми против нашите одбојкар, па лесно го доби натпреварот со убедливи 25:15, 25:13, 25:18 по сетови.

Македонија немаше никаков одговор за фантастичниот сервис на големиот фаворит на оваа средба, па на крајот на убедлив начин го заврши натпреварот за нешто помалку од еден час игра.

Капитенот Ѓорѓев повторно беше поентерски најефикасен со девет поени зад своето  име, додека Љафтов застана на шест.

Репрезентацијата на Македонија ги заврши настапите на Еврпското првенство без ниту една победа и само два освоени сета во сите пет натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни