Поврзете се со нас

Европски првенства

Руни му предложи тактичка промена на Саутгејт пред дербито со Германија: Не ги играј Грилиш и Фоден

Објавено

на

Вејн Руни беше еден од оние кои постојано велеа дека Џек Грилиш мора да биде стартер во англиската фудбалска репрезентација, а откако ѕвездата на Астон Вила доби шанса против Чешка и брилјираше на теренот, сега легендарниот голгетер на Јунајтед смета дека тој сепак треба да остане на клупата против Германија.

Англија и Германија ќе го одиграат највозбудливиот осминафинален дуел на „Вембли“, но пред големото дерби, Руни во својата колумна му испрати совет на селекторот Герет Саутгејт дека треба да има побрзи играчи и крила во тимот, наместо да игра со фудбалери кои уживаат во посед на топката како Грилиш и Фоден.

– После цело мое фаворизирање на Грилиш, сега велам дека тој не треба да биде стартер против Германија. Тој беше еден од најдобрите против Чешка и одигра без грешка. Го немам променето мислењето за неговите квалитети, станува збор за тактичко гледиште.

– Моето разгледување е следно, велам дека не треба да игра поради стилот на игра на Германците. Различни противници бараат да имате различни пристапи. Натпреварот кој се игра во вторник е идеален за играчи како Маркус Рашфорд, тој треба да добие предност пред Џек. Англичаните треба да играат зад грбот на Германците, треба да се искористат брзите играчи и да се напаѓаат нивните стопери, особено Хумелс кој има проблеми со брзината.

– Рашфорд е идеален за овој меч и покрај него, треба да гледаме еден од Стерлинг, Букајо сака или Џејдон Санчо. Тоа треба да биде напаѓачката тројка заедно со Кејн. Стерлинг беше брилијантен досега, Сака импресионираше, додека Санчо најдобро ги познава Германците. Нема да погрешите со било која опција, – објаснува Руни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни