Поврзете се со нас

Свет

„Run Forrest run“: Судија со својот стил на трчање ги изнасмеа фудбалските фанови (ВИДЕО)

Објавено

на

Нигерија е единствената селекција која со максимален учинок од три победи ја заврши групната фаза на африканскиот Куп на нации што се одржува во Камерун.

Во последното трето коло Нигеријците беа подобри од Гвинеја-Бисау со 2-0, но овој резултат остана во втор план во сенка на главниот судија Питер Ваверу Камаку. Арбитарот од Кенија го украде шоуто, а причината за тоа не беа некои одлуки тука неговото однесување, движење.

Тој има специфичен стил на трчање и тоа беше забележано од фановите кои одлучија да се пошегуваат на негова сметка.

-Run Forrest run (алудирајќи на филмот Форест Гамп со Том Хенкс), -напиша еден фан.

-Овој човек трча како да брка такси-

-Дали тоа е Том Круз во „Невозможна мисија“, -беа пак коментарите на други навивачи.

И последниот свиреж беше специјале,специфичен, па коментарот беше следен.

-Каков драматичен судија-

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни