Поврзете се со нас

Германија

Румениге посочи во кој клуб го гледа Халанд во иднина: Тој е феномен, такви играчи се појавуваат еднаш на 30 или 40 години

Објавено

на

Некогашниот ас на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, Михаел Румениге даде своја прогноза за тоа во кој клуб ќе заврши одличниот Ерлинг Халанд.

Халанд блеска во дресот на „милионерите“ и се чини прашање е на време кога ќе ја промени сегашната средина со тоа што очекувањата се дека истото ќе го направи во 2022 година кога и ќе има откупна клаузула од 75 милиони евра.

Во меѓувреме ќе се продолжи да се говори за него, па така според Румениге тој е играч кој се појавува еднаш на 30 или 40 години.

-Халанд е исклучителен феномен. Таквите играчи се појавуваат еднаш на 30 или 40 години. Не знам какви се неговите планови за кариерата, но за Дортмунд е одлично што тој се уште го носи црно -жолтиот дрес оваа сезона. Тој е апсолутна машина за голови, неговите противници летаат надесно и лево кога ќе почне да трча. Никогаш не сум видел нешто слично на него на таа возраст.

-Единствениот недостаток со играч со неговата големина е ударот со глава. Не постигнува доволно голови со глава. Инаку, Халанд е совршен играч, -рече Германецот и притоа додаде:

-Ќе треба да почекаме и да видиме каде оди по оваа сезона. Реал и Барса имаат финансиски проблеми, па можем да го замислам како се сели во Англија. Неговиот татко играше и таму. Можам да го замислам Халанд во Ливерпул, -истакна помладиот брат на Карл-Хајнц Румениге.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни