Поврзете се со нас

Германија

Румениге го откри виновникот за враќањето во Баерн: Ме погледна со кучешките очи и не можев да го одбијам

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Карл Хајнц Румениге беше легенарен извршен директор на Баерн Минхен и со години го носеше клубот до големи успеси, па откако реши да се повлече за да му го отстапи местото на Оливер Кан, славниот оперативец се враќа во клубот токму во моментите кога си замина неговиот наследник.

По барање на водечките луѓе на Баерн, Румениге се врати во надзорниот Одбор и ќе има значајна улога на советник при носењето на сите важни одлуки на трансфер пазарот, а сега го одработи и првото интервју откако стана јасно дека повторно ќе се обиде да го врати клубот на вистинскиот пат.

– Морав да се вратам. Ули Хенес дојде кај мене и ме погледна со тие верни кучешки очи. Тешко е да кажете НЕ, не можев да го одбијам, – открива Румениге во интервјуто за „Спорт1“.

– Во секој фудбалски клуб, најважна работа е тимот. Тимот е на прво место и сите треба да се фокусираме само на тоа. Мора да ги штитиме играчите, да ги критикуваме од време на време, но тоа не смееме да го правиме јавно.

– Во моментов, имаме празнина на позицијата спортски директор. Се додека тоа е така, јас, Ули Хенес, Томас Тухел и новиот директор Дрезен ќе комуницираме и заедно ќе носиме одлуки, – објасни Румениге.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни