Поврзете се со нас

Свет

Роналдо повторно остана без гол, Ал Наср доживеа елиминација во полуфиналето на Супер Купот

Објавено

на

Кристијано Роналдо има тежок почеток во својот нов клуб Ал Наср, тим во кој не успеа да даде гол ниту во вториот меч со тоа што вечерва тој и соиграчите загубија од Ал Итихад во полуфиналето на Супер Купот на Саудиска Арабија со 3-1.

Ал Наср важеше за фаворит, меѓутоа тоа не беше потврдено во Ријад каде Ал Итихад беше подобар, поефикасен и закажа финале со Ал Фехја на нашиот Александар Трајковски, тим кој претходно направи големо изненадување против Ал Хилал (1-0).

Португалецот ќе треба да побара нова прилика за првиот гол во новата средина, следната шанса е против Ал Фатех во домашниот шампионат. Кога е во прашање Роналдо тој по крајот на средбата беше и провоциран од дел од публиката со скандирања „Меси, Меси“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни