Поврзете се со нас

Светски првенства

Роналдо покажа класа и му се поклони на Меси: Твојот фудбал го фрла секое ривалство во заборав (Фото)

Објавено

на

Лионел Меси конечно го освои трофејот кој му недостасуваше и се закити со титулата светски шампион, откако неговата Аргентина вчера во вистинска драма имаше повеќе нерви, но и доза на среќа во финалето со Франција.

Во меч со многу зададени удари на двете страни и со шест постигнати гола во 120 минути, на крајот како пресудни се покажаа пеналите, во кои „гаучосите“ беа поуспешни и го детронизираа досегашниот светски првак.

Коло Муани не ја реализираше мундијалската шанса за победа која ја имаше Франција во самиот финиш, па така во пеналите подобри беше оваа аргентинска генерација која му ја донесе најголемата радост на Меси.

Лео добива честитки од сите страни на светот, па дури и од земјата која важи за најголем ривал на Аргентина во Јужна Америка, „Феноменот“ Роналдо покажа класа и му испрати оригинална порака на Меси, односно му честиташе за титулата која го прави фудбалски бесмртник.

– Фудбалот кој го игра овој човек го фрла секое ривалство во заборав, дури и она историското меѓу Бразил и Аргентина. Видов многу Бразилци и луѓе од целиот свет како навиваат за Лео Меси во ова неверојатно финале. Достоинствено збогум на генијот од Светските првенства. Тој е многу повеќе од ѕвезда на ова Светско првенство, тој предводеше една ера. Можам да ја замислам забавата на мојот пријател Диего во рајот. Милиони луѓе од различни националности ви поделуваат само овации. Честитки Меси!, – порача Роналдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни