Поврзете се со нас

Италија

Рома соопшти тажна вест: Почина поранешниот член на клубот кој имаше тажна судбина (Фото)

Објавено

на

Италијанскиот великан Рома ова попладне излезе со една тажна вест за еден свој поранешен младински член, соопштувајќи ја неговата ненадејна смрт на само 21-годишна возраст.

Станува збор за Жосеф Буасе кој во 2017-та година стана член на Примавера тимот на Рома, и тогаш како талентиран фудбалер кој беше пронајден буквално на натпревар на улица го привлече вниманието на функционерите на клубот од италијанската престолнина.

Жосеф денеска починал во својот дом во Рим како последица на срцев удар, па на овој начин, неговиот тажен фудбалски и животен пат заврши многу рано и нависитна сурово.

Буасе последно се водеше за член на Клуж пред да избие кризата со короанвирусот, но далеку потажен е неговиот пат до Италија, кога во 2015-та година бил напуштен од шверцер на луѓе и оставен во престолнината. Жосеф самостојно успеа да се избори за професионална кариера, но за жал неговиот живот згасна во цутот на младоста.

– АС Рома тагува по смртта на нашиот поранешен член на Примавера тимот, Жосеф Буасе. Испраќаме топла прегратка до неговите најблиски и најскани во овој тежок момент, – гласи објавата на Рома.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни