Поврзете се со нас

Англија

Рома отворена за продажба на Ѕаниоло, играчот пред преселба во Премиер лигата

Објавено

на

Од редовите на Рома се одлучиле да не му стојат на патот на својот играч,  Николо Ѕаниоло и да му дозволат да си замине од клубот уште во јануарскиот преоден рок.

Преговорите за нов договор на италијанскиот репрезентативец биле стопирани и од клубот му дале зелено светло на Ѕаниоло да преговара со други тимови во кои би ја продолжил кариерата.

Во моментов најзагреан клуб за неговиот потпис е Тотенхем кој е предводен од Антонио Конте кој добро ги знае квалитетите на офанзивецот кој во последно време мака мачи со повредите и нема баш најстандарден ритам.

Рома за да го ослободи од обврските ќе бара околу 40 милиони евра, сума која не би требало да претставува проблем за „петлите“ од Северен Лондон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни