Поврзете се со нас

Англија

Рој Кин презадоволен од новиот ресурс на Тен Хаг: Сега сфаќам зошто се коцкаа со него

Објавено

на

Манчестер Јунајтед го надигра Нотингем Форест на гостински терен со 0:3 и со една нога се пласираше во финалето на „Вембли“, стадион на кој традиционално се игра завршниот меч во Лига Купот.

„Ѓаволите“ одлично одговорија на првиот предизвик по поразот од Арсенал во Премиер лигата и се прикажаа во навистина сериозно издание, што само говори дека Ерик Тен Хаг сериозно размислува да ја нападне титулата во Купот.

Добра вест за него беше и тоа што Вут Вегхорст го постигна својот прв гол како член на првиот тим, вест која најмногу го израдува Рој Кин кој смета дека Холанѓанецот непотребно добил многу критики уште пред да го одработи првиот тренинг.

– Видовме фантастична реакција од Вегхорст, видете како ја заврши акцијата. Манчестер Јунајтед едноставно мораше да доведе некој по заминувањето на Роналдо, а немаше многу пари за трошење. Сега гледам зошто тие се коцкаа со него.

– Не верувам дека ќе биде голем голгетер, но тој навистина може да му помогне на Маркус Рашфорд.  Тој е репрезентативец и нема шега околу тоа. Луѓето беа премногу критички настроени кон него за доаѓањето во клубот, но сега покажа зошто е донесен. Менаџерот добро го познава и заслужува шанса, му посакува многу среќа, – изјави Кин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни