Поврзете се со нас

АТП

Родик за Ѓоковиќ: Тоа е загрижувачки…

Објавено

на

foto:twitter.com/DjokerNole

Новак Ѓоковиќ не успеа да дојде до посакуваниот резултат и на Мастерсот во Монте Карло каде доживеа елиминација во полуфиналето од страна на Каспер Руд.

Србинот покажа слабости и за првпат во кариерата загуби од Норвежанецот со 2-1 во сетови (6:4, 1:6, 6:4). Овој резултат го остави Ѓоковиќ и понатаму без титула во 2024 година што е навистина поразително за него со оглед на тоа што се досега има направено во кариерата.

Енди Родик го анализираше неговиот меч со Руд и посочи дека бил изненаден од реакцијата на Ноле во одредени ситуации.

-Тешко ми беше да го разберам Новак што го видовме во Монте Карло. Во првиот сет изгледаше исцрпено. Размената траеше седум-осум удари, а тој беше без сила. Зборуваме за ден кога беше 22 степени, па тоа беше чудно за гледање. Потоа Новак успеа да ја пронајде својата игра и да се врати во мечот. Во таа последна фаза промаши висок волеј на два-три метри од мрежата. Цело време како да бараше нешто. Можеби проблемот е физички, навистина не знам. Тоа е малку загрижувачки. Нормално е да не видите некој толку уморен во раната фаза од натпреварот, па потоа се врати. Тоа е загрижувачко, -вели Родик кој смета дека секој кој ќе влезе во конфликт со публиката заслужува казна.

-Воопшто не ме интересира кој е, Новак или некој друг. Тој мораше да добие опомена од судијата за пцуење кон публиката. Новак трипати пцуеше, а не доби ниту едно предупредување, заклучи Американецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни