Поврзете се со нас

Македонија

РК Вардар 1961 додаде уште еден спонзор на својот дрес

Објавено

на

Зачера се одигра заостанатиот четвртфинален натпревар од завршницата на СЕХА лигата, во кој Вардар се соочи со РК Нексе од Нашице (25:26), а на дресовите на ракометните шампиони можеше да се забележи дека „црвено-црните“ додаделе уште еден спонзор со цел да ја зголемат стабилноста во клубот по заминувањето на претходниот сопственик.

Денеска е и официјално потврдено дека двократниот, а воедно и актуелен шампион на Европа и повеќекратен освојувач на македонската ракометна Супер лига и на Mакедонскиот супер куп, „РК Вардар 1961“ склучил договор за спонзорство за тековната спортската сезона 2020/2021 со НЛБ банка. Со овој чин, логото на НЛБ Банка ќе биде истакнато на дресовите на европскиот ракометен шампион кој и годинава ќе се бори на терените за да ја оправда европската титула.

– Кога два успешни титани ќе си подадат рака за соработка успесите се неизбежни. Ни причинува вистинско задоволство да го поддржиме тимот кој победува. Вардар е клуб со долга традиција и име со трофејна историја, а нашата Банка сериозен спонзор кој има за цел да биде поддршка и ветар во грб за постигнување на нови резултати на кои сите ќе бидеме горди,- се вели во соопштението на банката.

Вардарци и покрај поразот од Нексе ќе патуваат на завршницата од СЕХА лигата во Задар, која се игра од 4 до 6 септември, по што ќе се посветат на новите обврски, посебно на настапите од Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни