Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ристовска постигна три гола во малото финале, ЦСКА доби ракометна лекција од Ѓер

Објавено

на

Ракометарките на Ѓер вчера на несреќен начин загубија во полуфиналето од Брест, но затоа ова попладне сиот свој бес го истурија врз ЦСКА Москва која и тоа како настрада во малото финале.

Ѓер како голем аспирант за титулата на новиот фајнал-фор беше разочаран од поразот во полуфиналето, па попладнево мораа да се задоволат само со утешна награда, односно бронзен медал кој и повеќе од заслужено го освоија.

Во малото финале немаше простор за никаква неизвеснот, бидејќи Ѓер уште во првото полувреме јасно стави до знаење дека разликата во квалитет е голема, но истовремено до израз дојде и недостигот на мотивација кај рускиот тим.

По почетните 18:8 во првиот дел, Ѓер само ја осигура победата во вторите 30 минути и на крајот победи со 32:21, триумф кој на Унгарките им го донесе третото место на завршниот турнир.

Македонската репрезентативка Сара Ристовска беше дел од протоколот и беше една од најдобрите во редовита на поразениот тим, бидејќи мечот го заврши со три реализации од четири обиди. Најдобра ракометарка во малото финале беше Офтедал која постигна седум погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни