Поврзете се со нас

Балкан

Ристевски со првиот свој гол ја најави победата на Етникос Ахна (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/ethnikosachnafc

Македонскиот интернационалец, Кире Ристевски беше еден од најзапазените играчи во победата на Етникос Ахна над Докса во првата Лига на Кипар.

Гостите славеа со 2-1 во средба во која Ристивски беше автор на првиот гол во 12 минута, а одигра големи улога и за вториот затоа што упати удар кој домашниот голман Агримакис некако го одбрани, ама тука беше Кабрера за да ја спроведе топката во мрежата.

Ова за поранешниот македонски репрезентативец беше прв гол во шампионатот во 16 сезонски натпревар. Активен за гостите беше и Стефан Спировски, ветеранот Мартин Богатинов остана на клупа, додека кај домаќините Душко Трајчевски настапи од 61 минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни