Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ричардс го шокираше Анри со заклучокот за Бензема, Французинот не можеше да поверува што слуша (ВИДЕО)

Објавено

на

Реал Мадрид успеа да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а за тоа огромни заслуги има Карим Бензема кој со својот хет-трик против ПСЖ му донесе победа на лидерот во Примера од 3-1, победа доволна за место меѓу осумте најдобри во најквалитетното натпреварување на стариот континент.

Поради ваквата партија Карим доби комплименти, пофалби од целиот фудбалски свет, но има некои кои досега не биле уверени во неговите квалитети, односно сметале дека не е на највисоко ниво. Еден од нив е поранешниот англиски репрезентативец и екс член на Манчестер Сити, Мика Ричардс кој го шокираше Тјери Анри со заклучокот, тврдењото дека на средбата со ПСЖ се уверил дека Карим е светка класа.

Потоа Мика се и истакна дека тоа го заклучил во претходните шест месеци дека ѕвездата на Реал е на ист ранг со Левандовски и Кејн што е навистина смешно со оглед на тоа што Бензема тоа го прави со години во дресот на „кралевите“, а кога добива шанса пеколен и во репрезентацијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни