Поврзете се со нас

Германија

Рибери ги избра тројцата најдобри тренери кои ги имал во кариерата: Имам една цел во иднина

Објавено

на

Поради хроничен проблем со коленото, Франк Рибери стави крај на кариерата на принуден начин и тоа го направи на самиот старт на сезоната, по што реши да му се приклучи на стручниот штаб на тренерот Давиде Никола.

Французинот остана во тренерскиот тим на Салернитана и по заминувањето на Никола и сега е дел од советниците на Соуса, но негова желба во иднина ќе биде да има и самостојна тренерска кариера.

Рибери собра огромно фудбалско искуство како важен дел од тимот на Баерн Минхен, клуб во кој имаше можност да соработува со голем број светски познати имиња, од кои сепак реши да издвои тројца.

Во интервјуто за „Шпорт Билд“, Рибери ги избра тројцата најдобри тренери кои ги имал во кариерата, а тоа се Отмар Хицфелд, Јуп Хајнкес и Карло Анчелоти.

– Мојата цел е да станам тренер во блиска иднина. Во моите 12 години во Баерн Минхен, изградив посебен однос со врвни тренери. Најдобри беа Хицфелд, Хајнкес и Анчелоти. Италијанецот е навистина извонредна личност. Го давав најдоброто од себе за нив на секој натпревар, бидејќи играв без никакви негативни мисли и само уживав на теренот. Под нивно водство, се чувствував како дете на фудбалски терен, – вели Рибери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни