Поврзете се со нас

Лига Европа

Реприза на финалето од Тирана во баражот на Лига Европа, Милан доби француски ривал (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/EuropaLeague

Еден час по извршената ждрепка за Лигата на шампионите, очекувано се пристапи кон извлекувањето во Лигата на Европа, натпреварување во кое се играат бараж дуели за влез во осминафиналето.

Испаднатите екипи од Лигата на шампионите денеска ги дознаа своите ривали во првата нокаут рунда во второто по ранг европско натпреварување, а веќе првиот извлечен пар ни донесе интересно соочување.

Феенорд и Рома играа во историското финале во Тирана во 2022-ра година кое беше прво во Конференциската лига, а сега овие два тима ќе ги одмерат силите и во Лигата на Европа.

Победникот ќе патува во осминафиналето каде веќе се пласирани осум екипи, фаза во која сигурно ќе сака да се најде и Милан кој за противник го доби француски Рен.

Бараж дуели за влез во осминафинале во Лигата на Европа:

Феенорд – Рома
Милан – Рен
Ленс – Фрајбург
Јанг Бојс – Спортинг
Бенфика – Тулуз
Брага – Карабах
Галатасарај – Спарта Прага
Шахтјор – Марсеј

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни