Поврзете се со нас

Репрезентација

Репрезентативците пристигнаа во Краков, денес ќе го имаат и првиот тренинг

Објавено

на

За „Дерби“ од Краков,
Ристе Влахов

Машката ракометна репрезентација на Македонија предмалку пристигна во Краков, градот кој ќе биде домаќин на натпреварите кои ќе ги играат избраниците на Кире Лазаров на Мундијалот кој веќе е во тек.

Репрезентативците со чартер лет утрово полетаа од Скопје, а веќе се во Краков каде подоцна ќе го одработат и првиот тренинг.

foto: RFM

foto: Rakometna Federacija na Makedonija

Селекторот Лазаров ги избра 18-те ракометари на кои ќе смета за ова Светско првенство, а од поширокиот список отпаднаа Марко Кизиќ, Цветан Кузманоски и Давид Саврески.

Ова ќе биде осмо учество на репрезентацијата на Макеоднија на едно Светско првенство, а дебито на Мундијалот ќе го имаме утре со почеток од 20:30 часот против селекцијата на Норвешка.

Инаку, Краков веќе се полни со македонски фанови, и сосема е очекувано утре во „Таурон Арената“ да грмне македонскиот глас кој ќе им биде ветер во грб на репрезентативците на Македонија кои очекуваат уште едно позитивно учество на мундијалите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни