Поврзете се со нас

Шпанија

Ремек-дело на Чалханоглу, Милан и Аталанта ги поделија бодовите на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Милан и Аталанта одиграа без победник 1-1 на отварањето на 36. коло во италијанската Серија А.

Дуелот на двете непоразени екипи по рестартот на сезоната, донесе возбудувања, но се чини ремито беше најреален резултат. Домаќините први дојдоа до водство и тоа во 14 минута благодарение на мајсторскиот погодок од слободен удар на турскиот репрезентативец Чалханоглу.

Гостите веднаш одговорија на предизвикот, па така во 26 минута добија пенал кој не го реализираше Малиновски или поточно Донарума ја прочита неговата намера. Сепак многу брзо во 34 минута Запата успеа да го пронајде патот до мрежата на домаќините за 1-1.


Во вториот дел беше мирно, немаше промени што значи дека Аталанта сега има 75 бода доволни за второ место, додека Милан со 60 се наоѓа на 6 позиција на прволигашката табела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни