Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Реал покажа шампионски карактер и „испука петарда“ во Ливерпул, Наполи го освои Франкфурт (ВИДЕО)

Објавено

на

Реал Мадрид и Наполи направија голем исчекор кон пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите и тоа откако вечерва забележаа убедливи гостински победи над Ливерпул, односно Ајнтрахт Франкфурт.

„Кралевите“ имаа очаен старт на „Енфилд Роуд“ и по само 14 минути игра губеа со 2-0 (Салах и Нуњез), но по кој знае кој пат четата на Анчелоти покажа неверојатен карактер, цврстина и не дозволи да пропадне по овој силен удар, па веќе во преостанатиот дел од првото полувреме комплетно се врати со двата погодоци на Винисис Жуниор.

Со резултат 2-2 се замина на пауза, а по истата актуелниот европски шампион го уништи домаќинот, даде три погодоци преку Милитао и Бензема (2) за конечни 5-2. Со ова шпанскиот прволигаш е многу блиску до минување на оваа фаза или поточно на Ливерпул ќе му биде потребно чудо во реваншот за да остане во игра во ЛШ.

Лидерот во Серија А, Наполи пак беше супериорен во пресметката со Ајнтрахт Франкфурт. Калчолигашот триумфираше со 2-0. Осимен и Ди Лоренцо погодија во средба во која Кварацхелија не реализираше пенал, додека домаќините останаа без најдобрито играч Коло Муани од 58 минута и тоа откако Французинот имаше невнимателен старт врз Ангиса.

Нашиот Елиф Елмас беше активен од 80 минута кога го замени Лозано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни