Поврзете се со нас

Шпанија

Реал го промовираше новиот дрес за домашните натпревари (ВИДЕО)

Објавено

на

Новиот шпански шампион Реал Мадрид официјално го претстави новиот дрес за домашните натпревари во сезоната 2022/2023.

Истиот повторно е дело на „Адидас“ и истиот претставува почит кон историјата на клубот. Тој е со класичен дизајн со модерни примеси во кој традиционалната бела боја е комбинирана со виолетови детали на крагната и трите адидас пруги на рамениците.

На промотивниот постер се легендарните Икер Касилјас, Роберто Карлос и Раул Гонзалез, а од сегашниот тука се Карим Бензема и Давид Алаба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни