Поврзете се со нас

Англија

Разочарување на „Итихад“: Нов кикс на Сити на домашен терен (ВИДЕО)

Објавено

на

Манчестер Сити не го оправда статусот на фаворит во дуелот со Евертон кој попладнево се одигра на „Итихад“.

Многумина очекуваа рутинска победа на „граѓаните“ против тимот кој игра очајно во оваа кампања, меѓутоа тоа не се случи и на крајот конечниот резултат беше 1-1. Ова е втор кикс во низа на шампионот во својот дом затоа што претходно загубија од Брентфорд, па овие бодови можеби на крајот ќе се покажат како клучни во трката за пехарот во Премиер лигата.

Халанд со својот 21 гол во шампионатот го отвори резултатот во 24 минута, резултат кој беше активен до 64 кога Греј со убав погодок донесе бод за „карамелите“.

Ова значи дека ако Арсенал го добие Брајтон тогаш ќе има седум бода повеќе од четата на Пеп Гвардиола.

На другите дуели, Њукасл не пронајде решение за Лидс (0-0), Фулам беше подобар од Саутемптон (2-1), додека Кристал Палас како гостин го доби Борнмут со 2-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни