Поврзете се со нас

Светски првенства

Разиграната Канада ја уништи Франција во дербито на денот на СП

Објавено

на

Репрезентацијата на Канада и одржа вистинска лекција на Франција (96-65) во дербито на денот на Светското кошаркарско првенство кое од денеска до 10 септември се игра во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Оваа средба требаше да донесе голема драма, возбуда, неизвесност, но интересно беше само во првите 20 минути кои Канаѓаните ги реализираа со 43-40.

По паузата започна доминацијата на избраниците на Фернадез Торес, па така третиот период беше добиен со 25-8, последниот со 27-17 за конечни на крајот плус 30.

Страшна партија имаше асот на Оклахома, Гилџус Александер со 27 поени, 13 скока и 6 асистенции, најголема поддршка имаше од Олиник со 18 кошеви.

Кај поразените позитивна оценка има само Фурние со 21 поен.

Во наредната рунда Канаѓаните се апсолутни фаворити против Либан, додека „триколорите“ имаат меч да се биде или не против Летонија која денеска славеше со 109-70 (над Либан).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни