НБА
Разиграната Јута го освои Лос Анџелес, Голден Стејт со голем пресврт до славје против Мајами (ВИДЕО)

Најдобарата екипа во досегашниот тек во НБА лигата Јута Џез прокнижи уште една победа и тоа на гостувањето во Лос Анџелес кај Клиперс со 114-96.
Домаќините кои беа без првите две звезди Ленард и Џорџ одиграа добро прво полувреме по кое имаа водство од 51-46, меѓутоа ова темпо игра не го задржаа во продолжението и за тоа виновни се расположениете „џезери“ кои додадоа гас, одиграа фантастично во нападот постигнувајќи 68 поени што беше повеќе од доволно за пресврт и славјте број 9 во низа, вкупно 24 во оваа натпреварувачка сезона.
Мичел беше автор на 24 поени со 7 скокови и 7 асистенции, центарот Гобер беше брилијантен со 23 поени и дури 20 скокови. Вилијамс и Џексон кај Килиперс дадоа по 16, односно 15 кошеви.
Мајами Хит пак имаше плус 15 во последната четвртина против Голден Стејт, ама и ова не беше доволно за да се изборат за триумф во Сан Франциско. Домаќините ја стопија предноста и се изборија за продолжение во кое со 15-7 се наградија за добрата игра, карактерот кој го прикажаа кога беше најпотребно.
Во победата од 120-112, Бејзмор и Кари за Голден Стејт искомбинираа 51 поен. Кај „жешките“ Адебајо реализираше 24 кошеви со 5 скокови и 7 асистенции.

- Шпанијапред 16 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Италијапред 17 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година
- АТПпред 15 часа
Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…
- Англијапред 17 часа
Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа
- Англијапред 19 часа
Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега
- Германијапред 20 часа
Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер
- Шпанијапред 14 часа
Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе
- Англијапред 16 часа
Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити