Поврзете се со нас

Англија

Рашфорд влезе и донесе победа за Јунајтед (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Манчестер Јунајтед оствари победа над Вулверхемптон од 1-0 во првиот меч од денешната програма во Премиер лигата.

Херој на „црвените ѓаволи“ беше Маркус Рашфорд кој поради дисциплински причини не се најде во почетната постава на екипата, но влезе во вториот дел што се покажа како вистински потег на менаџерот Ерик Тен Хаг.

Се играше 76 минута кога Рашфорд по комбинацијата со Фернандеш успеа да ја спроведе топката во мрежата на „волците“.

Јунајтед со 32 бода ја завршува оваа година, првиот предвизвик во новата е средбата со Борнмут.

<

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни