Поврзете се со нас

НБА

Расел испиша историја, Леброн предвреме ја славеше неговата рекордна тројка (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Lakers

Лос Анџелес Лејкерс се прикажа во најдобро светло на домашен терен и ја надигра Атланта со 136:106, но овој натпревар ќе се памети по шесте тројки на Д’Анџело Расел и неговиот влезе во историските книги на „езерџиите“.

„Снајперистот“ на Лејкерси во еден меч успеа да го мине Коби Брајант и да се израмни со Ник Ван Ексел по бројот на постигнати тројки во една натпреварувачка сезона, но повеќе од јасно е дека на натпреварите кои следат ќе постави нови граници во овој статистички елемент.

Расел игра извонредна сезона и влева огромна доверба меѓу своите соиграчи, па така Леброн утрово почна предвреме да ја слави тројката со која Д’Анџело се израмни со Ник Ван Ексел (183 тројки).

Со блескавото издание, Расел беше и најефикасен играч на паркетот со 27 поени, 4 скокови и 10 асистенции, а поддржан беше и од Леброн кој запиша 25 поени, 7 скокови и 10 асистенции.

НБА резултати:

Индијана – Кливленд 103:108
Бостон – Детроит 119:94
Филаделфија – Мајами 98:91
Чикаго – Портланд 110:107
Јута – Минесота 104:114
Голден Стејт – Њујорк 112:119
Сакраменто – Мемфис 121:111
ЛА Лејкерс – Атланта 136:105

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни