Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Рангник со изненадување во составот за Атлетико Мадрид, Кол порача: Тој знае да изненади

Објавено

на

Ралф Рангник и Диего Симеоне на еден час пред натпреварот на „Олд Трафорд“ ги отворија картите и ги објавија составите со кои ќе истрчаат на решавачката средба во осминафиналето од Лигата на шампионите.

И додека Симеоне извади донекаде очекуван состав, Ралф Рангник направи неколку измени за разлика од тимот кој го победи Тотенхем и кој прикажа сосема солидна игра во текот на натпреварот.

Најмногу во очи паѓа отсуството на Пол Погба кој натпреварот ќе го почне од клупата за резервни фудбалери. Од натпреварот со Тотенхем во првиот тим го нема ниту Немања Матиќ, како и Маркус Рашфорд.

На местото на овие фудбалери ќе играат Скот Мектомини и Антони Еланга, а на десната бековска позиција ќе игра Диого Дало кој натпреварот со Тотенхем го гледаше од клуапта за резерви.
Image
Некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Енди Кол изненаден од одлуката на Рангник да го остави Погба на клупата кракто изјави:

– Прилично голема работа е да се остави Погба надвор од тимот за овој натпревар. Рангник понекогаш знае да изненади со неговиот избор за тимот кој ќе истрча на теренот, -јасен беше Енди Кол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни