Поврзете се со нас

Англија

Рангник препорачал две засилувања за Манчестер Јунајтед за летниот преоден рок

Објавено

на

Актуелниот привремен тренер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, препорачал две засилувања за клубот за во летниот преоден рок.

Тој како што стојат работите нема да остане како тренер во клубот, но ќе има консултантска улога и на „Олд Трафорд“ ќе остане во следните две години, така што ќе се слуша и неговиот глас кога ќе бидат носени играчи кои треба да го засилат тимот.

Според англиските медиуми, Рангник ги препорачал Коди Гакпо од ПСВ и Жоао Палиња од Спортинг Лисабон како одлични решенија за подобрување на тимот за следната сезона.

Гакпо оперира во офанзивата и претежно игра на крилните позиции, позиции каде фудбалерите на Јунајтед не се најконстантни.

Палиња пак би претставувал клучот за тимот за следната сезона затоа што игра како последен играч за врска и е редовен португалски репрезентативец со искуство кое може да му помогне на тимот од „Олд Трафорд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни