Поврзете се со нас

Репрезентација

Ракометарите славеа над Израел во последниот тест пред СП

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација издвојува победа над Израел од 38-37 на вториот и последен меч за нас на „Кроација Куп“ во Порец.

Нашиот нацинален состав се избори за триумф во дуелот кој за нас воедно е и завршна подготовка пред настапот на Светското првенство во кое ние во првата фаза ќе ги одмериме силите со Норвешка, Холандија и Аргентина.

И вечерва бевме ефикасни во нападот како и вчера против Хрватите, ама дефинитивно загрижува бројот на примени голови со оглед на тоа што во два дуели голманите дури 77 пати ја вадеа топката од нивната мрежа. Пресметката во Пореч донесе наши подеми и падови, имавме добри и лоши минути што секако ќе треба да ги намалиме, избришеме во Краков.

Првиот дел го завршивме со плус четири (23-19), предност која ја одржувавме до самиот финиш на мечот во кој имавме пад во играта, па Израелците дури имаа и напад за реми кој не го искористија.

Манасков со 11 и Кузмановски со 6 гола беа нашите најдобри стрелци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни