Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ со нова корпа: „Светците“ добија негативен одговор за францускиот напаѓач

Објавено

на

foto:www.facebook.com/PSG

Пари Сен Жермен направи драстично промени во составот во изминативе месеци во кои си заминаа ѕвезди како Меси, Нејмар, Рамос…а беа доведени неколку нови играчи кои треба да донесат свежина, крв во новиот проект на францускиот првак.

„Светците“ се уште го немаат комплетирано тимот и нивната желба е да донесат уште еден напаѓач-тоа е членот на Ајнтрахт Франкфурт, Коло Муани.

ПСЖ веќе некое бреме го мера Муани, доставува понуди, но истите се одбиваат со тоа што последната била 80 милиони евра. Бундеслигашот требал да добие фиксни 70 милиони евра, плус уште 10 во бонуси, ама понудата била одбиена.

Преговорите продолжуваат, ама клубот од Франкфурт бара точно 100 милиони евра и останува да се види дали ПСЖ ќе го исполни овој услов.

Самиот играч е спремен да слета на „Паркот на принцовите“ што значи дека прволигашот мора да изнајде формула за комплетирање на операцијата. Може да биде влучен напаѓачот Уго Екетике со што може да се приближат екипите до договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни