Поврзете се со нас

Франција

Првото соопштение на ПСЖ за Мбапе носи една добра и една лоша вест

Објавено

на

Килијан Мбапе со солзи во очите предвреме го заврши вчерашното финале со Сент Етјен, по кое крајно неизвесно е дали ќе му биде на располагање на тренерот Томас Тухел за големите предизвици во Лигата на шампионите.

Мбапе беше жртва на ужасен старт и повторените снимки ни покажаа дека станува збор за посериозна повреда на скочниот зглоб, поради која во најмала рака ќе биде неизвесен за дуелот со Аталанта во четвртфиналето.

ПСЖ ова попладне излезе со првично соопштените за повредата на Мбапе, а од истото има една добра и една лоша вест во врска со големиот оток на ногата.

Добра вест е тоа што напаѓачот нема скршеница на ногата, а лоша тоа што допрва треба да се одреди од кој степен е истегнувањето на лигаментот во скочниот зглоб.

– Мбапе има сериозен оток од надворешната страна на скочниот зглоб. Станува збор за истегнување на лигаментот, ќе мора да биде дополнително снимен за 72 часа, – гласи објавата на „светците“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни