Автомобили
Промовиран „Mustang Mach-E“: комплетно електричен спортски автомобил на македонските патишта!

Во просториите на „Ми-Да Гранд Моторс“ во Скопје, беше претставен комплетно електричен спортски автомобил со високи перформанси во историјата, „Mustang Mach-E“. Моделот, кој дебитираше пред неколку години, веќе се нуди за директна продажба со што ќе дебитира на македонските патишта.
На официјалната презентација присутните се запознаа со новата изведба на овој легендарен модел кој претставува историски доказ за развојот на автомобилизмот и преминот во ерата на електрични автомобили.
„Mustang Mach-E“ се дефинира како комплетно електричен компакт – кросовер (SUV), а во него се нудат стандардна батерија од 75 киловати (околу 280 ќелии) и засилена батерија од 98,8 киловати (околу 380 ќелии). Производителот декларира возење дури до 540 км со едно полнење.
– Полнењето може да се изврши во домашни услови и на брзи полначи до 150kW,- беше потенцирано на презентацијата.
Името „Mustang Mach-E“ е инспирирано од првиот модел на „Mustang“ кој се нарекувал „Mach-1“. Симболично, сега беше презентиран првиот електричен „Mach-E“.
– Брендот Ford како пионер во автомобилската индустрија продолжува со својата електрификација во Европа каде, до 2024 година, се планира да се лансираат девет комплетно електрични модели. Како официјален импортер и сервисер, компанијата Ми-Да Гранд Моторс ќе продолжи да ги обезбедува најновите современи автомобилски решенија за клиентите во Македонија,- рече Дритон Заири, генерален директор на Ми-Да Гранд Моторс.
Присутните во автомобилскиот центар на бул. „Босна и Херцеговина“ бр.1 се уверија во големиот број Ford достапни модели, за кој од компанијата истакнуваат дека во следниот период ќе може да се купат по промотивни цени.
-
Англијапред 20 часа
Јунајтед знае што ќе прави со Гринвуд до крајот на сезоната
-
Балканпред 20 часа
Тренерот на Партизан пријави за исчезнат познат првотимец, клубот режираше голем циркус во Србија
-
Светпред 18 часа
Шокантно видео од Белгија: Поранешен играч на Лацио полетал во воздух со автомобил и пробил ѕид од спортска сала!
-
Шпанијапред 22 часа
Куман: Лапорта ме излажа дека Меси ќе потпише нов договор со Барселона
-
Шпанијапред 21 час
Барселона ќе одмори од „Камп Ноу“: Каталонците ја известија Ла Лига дека наредната сезона ќе играат на друг стадион
-
Англијапред 19 часа
Руни откри дека има свој фаворит во шампионската трка меѓу Арсенал и Сити
-
Балканпред 17 часа
Мијатовиќ за својот сакан соиграч: Повеќе спиев со него, отколку со мојата сопруга
-
Балканпред 15 часа
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска