Поврзете се со нас

Боречки спортови

Продолжуваат успешните настапи за таеквондистите на „Хва Ранг ИТФ“ од Охрид

Објавено

на

Таеквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец, Охрид овој викенд учествуваше на уште еден престижен турнир од А класа одржан во Софија, соседна Бугарија.

На „Софија Опен 2022“ учествуваа 310 натпреварувачи, од 48 клубови од десет европски земји.

„Хва Ранг ИТФ“ под водство на тренерот Марјанчо Лазаревски, црн појас V дан, на турнирот учествуваше со тројца натпреварувачи и тоа освојувачите на медали од последното Европско првенство, Давид Крстески, Христијана Парулеска и Елена Јанеска.

Таеквондистите се натпреваруваа во две дисциплини и тоа форми и борби и во голема конкуренција на борилиштата стигнаа до два златни и три бронзени медали.

Елена Јанеска го освои бронзениот медал во категоријата јуниорки 16-17 години до 64 килограми.

Христијана Парулеска освои златен медал во борби, женски кадети 11-13 години до 45 килограми и бронзен медал во фомри за црвен појас, женски кадети 11-13 години.

И последниот македонски претставник, Давид Крстески на своите гради стави два медали и тоа златен од дисциплината борби за јуниори 14-15 години до 60 килограми, и бронзен медал во форми за црн појас I дан, јуниори 14-15 години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни