Поврзете се со нас

АТП

Продолжи доминацијата на Италијанецот: Синер обезбеди полуфинале и го надмина Ѓоковиќ

Објавено

на

foto:twitter.com/janniksin

Италијанскиот тенисер, Јаник Синер успеа да обезбеди место во полуфиналето на АТП Мастерсот во Индијан Велс.

Синер за ривал го имаше изненадувањето Јиржи Лехечка кој во претходните две рунди ги шокирање Рубљов и Циципас, но денеска Чехот немаше никакви шанси против асот кој е во најдобра форма во светот на тенисот.

Јаник славеше рутински со 6-3 и 6-3 со што ја забележа 19 победа во низа. Ова за Италијанецот беше 16 победа во серија во новата сезона со што стана најмлад тенисер со ваква низа во Опен ерата, поточно го надимина Новак Ѓоковиќ.

Ривал во полуфиналето ќе му биде подобриот од битката Алкараз-Зверев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни