Франција
Претседателот на ПСЖ најави трансфер на една од најголемите светски ѕвезди? – Ист е како Ибрахимовиќ и Бекам…
Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи во интервју за француските медиуми зборуваше на најразлични теми, а се осврна и на еден играч кој според него ги поседувал истите карактеристики како претходните звучни засилувања на ПСЖ, Дејвид Бекам и Златан Ибрахимовиќ.
Станува збор за Кристијано Роналдо кој беше пофален од Келафи и тоа беше доволно за светските медиуми веќе да почнат да го поврзуваат Португалецот со трансфер во ПСЖ.
– Тој е мотивиран од неговата желба да напредува секој ден и секогаш го дава максимумот. Ми се допаѓа неговата желба, тој е одличен пример за спортист на иднината, -кратко изјави Келаифи за 35 годишниот Роналдо, а потоа го спореди со Бекам и Ибрахимовиќ.
– Размислувајќи за сите играчи кои ни се придружиле мислам дека тој е сличен на Ибрахимовиќ и Бекам. Времето на Златан може да се обележи поради неговиот карактер, лидерството и харизмата кои ги имаше.
-Секогаш беше флексибилен, а кога ситуацијата бараше нешто од него, знаеше како да се справи со тоа.
– Иако Бекам беше кратко во ПСЖ тој покажа дека има трансформирачки ефект за клубот. Неговите инвестиции во тренингот, неговото грижење за секој детаљ во секој момент, неговата желба за успех, неговото чувство за тимска работа и неговата аура беа навистина добредојдени за нас, -изјави Ал Келаифи.
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 21 час
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 17 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 21 час
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 20 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 22 часа
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 22 часа
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 22 часа
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)