Македонија
Познато име во Аеродром: Магдевски повторно ќе го носи дресот на МЗТ Скопје

Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје повлече уште еден потег на пазарот во обидот да состави што подобар тим за престојната сезона во која освен во шампионатот и Купот на Македонија ќе игра и во елитната АБА лига.
Ново име во таборот на „штрковите“ е македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски за кого ова е враќање во Аеродром по една сезона која во мина во Романија во редовите на Плоешти. Плејмејкерот три години беше дел од МЗТ од 2018 до 2021 година, период во кој освои две шампионски титули, а воедно беше избран за најкорисен играч (МВП) на финалната серија во сезоната 2020/21.
Договорот е со важност за наредните две сезони со што тој им се приклучи на Еван Максвел, Мајк Кафи и Страхиња Миќовиќ како нови засилувања.
Кога е во прашање МЗТ договор со клубот имаат уште Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Бре Ајви и талентираните Димитар Иванов, Бојан Величковски и Марко Спасовски.
-
АТПпред 21 час
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
АТПпред 23 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)
-
АТПпред 22 часа
Алкарас се повреди и застана, Ѓоковиќ рутински до седмото финале во Париз
-
Светпред 18 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
Шпанијапред 23 часа
Реал се засили со соиграч на Димитриевски (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 20 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
АТПпред 8 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Англијапред 21 час
Нема да може да се расфрла со пари: Њукасл има ограничени финансиски средства за летниот преоден рок