Поврзете се со нас

Македонија

Познато име се врати во Аеродром: МЗТ Скопје ја пронајде замената за Ајви

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје во изминатиов период остана без двајца плејмејкери, прво си замина Андреј Магдевски, а потоа и Бре Ајви што се почувствува на играта, па така вчера македонскиот првак загуби важен меч против Борац Чачак во АБА лигата.

Тренерот Александар Петровиќ на пресконференцијата по натпреварот истакна дека клубот набрзо ќе претстави ново засилување, засилување кое денеска беше потврдено од Аеродорм.

Се работи за доста познато име Дастин Вер за кого ова ќе биде кам-век во сино-белиот дрес. Тој го „откачи“ МЗТ минатата сезона за да се пресели во Франција по што следуваа ангажмани во Венецуела и Литванија.

Во таборот на „штрковите“ се решија да му дадат нова шанса на 32-годишниот Вер кој ако одигра како што знае и умее тогаш ќе биде одлична опција за тренерот Петровиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни