Македонија
Познати три полуфиналисти во Купот, мечот Работнички-Шкупи презакажан за утре

Лошите временски услови беа причина што немаше услови за одигрување на скопското дерби Работнички-Шкупи во четвртфиналето на Фудбалскиот куп на Македонија, додека преостанатите три натпревари се одиграа во закажаниот термин.
Условите на терените не овозможија ни многу погодоци, па Македонија Ѓорче Петров и Воска Спорт изборија полуфинале со по еден гол на дуелите со Силекс и Брегалница.
Скопскиот тим го победи Силекс со голот на Алији од 66. минута, додека Воска Спорт славеше на гостувањето кај Брегалница благодарение на погодокот на Јашароски во 70. минута.
Тиквеш и АП Брера одиграа 1:1 во деведесетте минути, па таму имаше најдраматичен финиш, бидејќи полуфиналистот се решаваше на пенали. По осум серии, клучно беше промашувањето на Ѓорѓиевски, па Тиквеш обезбеди место во наредната фаза.
Натпреварот Работнички-Шкупи треба да се одигра утре на теренот на ФФМ, но без присуство на публика.
-
Англијапред 15 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 13 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 13 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 14 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 15 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 15 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 9 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Англијапред 11 часа
Легенда на Арсенал: Тен Хаг ќе заработи отказ ако загуби на следните три меча