Поврзете се со нас

Репрезентација

Позната италијанска компанија ќе ги „облекува“ нашите кошаркарски репрезентации

Објавено

на

Македонската кошаркаркска федерација има нов спонзор кој ќе се грижи за нашите национални селекции.

Имано од нашата федерација соопштија дека е постигнала договор со италијанската компанија за спортска опрема „Макрон“ која ќе ги облекува македонските репрезенации почнувајќи од „двомечот“ против селекцијата на Грузија кој се игра на 24 (Тбилиси) и  27. февруари (Скопје).

-За прв пат по еден подолг период, можам и официјално да потврдам дека обезбедивме технички спонзор кој ќе биде сервис за сите наши национални селекции. Постигнавме договор со ‘Макрон’, позната спортска компанија која е една од оние кои имаат референци кои во целост одговараат на нашите барања и  понатамошни планови.

-Се договоривме за соработка која ќе биде во траење од четири години. Односно по два квалификациски циклуси. Искрено се надеваме дека ќе биде успешна и дека двете страни ќе бидат задоволни од она што го договоривме,- потенцира генералниот секретар Владимир Георгиевски.

„Макрон“ е италијанска компанија од Болоња, која има богато спортско „портфолио“. Особено ако се земе в предвид дека се грижи за изгледот, дизајнот и квалитетот на доста голем број на национални тимови во повеќе спортови.

Во оној кошаркарски сегмент, „Макрон“ е дел од повеќе италијански клубови како Виртус Болоња, Варезе, Виртус Рома, Реџана, а застапен е и во германската Бундеслига, каде нивните производи го користат кошаркарите на Лудвисбург.

Ова е вториот технички спонзор со кој федерацијата потпиша документ за долгорочна соработка. Пред извесно време, турскиот моден гигант „Кигили“ стана дел од Македонската кошаркарска федерација, и ќе се грижи за изгледот на нашите репрезентативни селекции во наредниот период.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни